Министерството за внатрешни работи денеска ги потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март важи законската обврска за поседување пропишана зимска опрема во возилата што учествуваат во јавниот сообраќај.
Обврската важи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а потребната опрема зависи од категоријата и карактеристиките на возилото.
Возачите треба да ја проверат состојбата на гумите и дали располагаат со опремата што ја пропишуваат правилата, особено пред патување во планинските подрачја и по патиштата со зимски услови.