Од 17 ноември е воведен изменет режим на сообраќај на регионалниот пат Р1208, на делницата Калишта–Радожда, кај местото Елен Камен. Според известувањето објавено од АМСМ, возилата ќе се пропуштаат наизменично преку една заедничка сообраќајна лента.

Измените се поврзани со активности на градежната компанија „Стентон Градба“ од Битола. Возачите треба да ја следат поставената сигнализација и да ја приспособат брзината.

Во пладневниот извештај АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.