Полициски службеници на 17 ноември извршиле претрес во дом и помошни простории во селото Радиовце, Тетовско, поради сомнение за лажно пријавување бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Претресот бил спроведен од 05:45 до 07:25 часот, во соработка меѓу единиците за борба против тероризам, компјутерски криминал и локалната полиција. При претресот бил пронајден и одземен мобилен телефон.

Осомниченото лице на возраст од 18 години било лишено од слобода и задржано во полициска станица. По завршување на документирањето на случајот ќе следува соодветна пријава.