СВР Куманово поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, запоставувајќи ја својата родителска должност за грижа и воспитување, ги присилувала на работа нејзините две малолетни деца, што не одговара на нивната возраст и физичка сила, и воедно ги наведувала на питачење.