На 14.11.2026 во 22:55 часот на експресен пат Радовиш-Штип, крстосница за село Ињево, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 28-годишен жител на Штип. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот жител на Штип, при што било констатирано дека тој го управува без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“.