На 14.11.2026 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Жданец“ во Скопје настанал пожар во барака, сопственост на лице на возраст од 56 години од Скопје, која целосно изгорела.
Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, по што внатре било пронајдено тело на починато машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.