Денеска (15.11.2026) во 00:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од изгореници биле донесени 35-годишна и 24-годишна жена, двете од Скопје.
Според пријавеното, тие се здобиле со повредите за време на семејна прослава во куќа, сопственост на мајката на 35-годишната жена.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.