На 10.11.2026 година во 23:40 часот во селото Чегране, полициски службеници од ОВР Гостивар сопреле патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен жител на Гостивар, во кое како сопатници биле двајца мажи на возраст од 36 и 39 години, исто така од Гостивар.
При преглед на возилото била пронајдена најлонска кеса со бела прашкаста материја, за која возачот изјавил дека е негова.
Сите три лица биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.