Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите.
Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % во споредба со претходниот квартал. Забележан е пад на бројот на купопродажби од 12,1 % во однос на претходниот квартал, додека кај бројот на закупи има раст од 2,8 %.
Вкупната финансиска вредност на пазарот изнесува 339 милиони евра и е намалена за 3,6 % во споредба со претходниот квартал. Од нив, 337,8 милиони евра се однесуваат на купопродажбите со пад од 3,6 %, а 1,1 милион евра на закупите со пад од 10,2 %.
Особено интересен е податокот за пазарот на станови, кој покажува намалување на продажбата на станови за 14 %, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 6 % во споредба со предходниот квартал. Кај закупите забележан ераст на бројот на закупени станови од 45 %, и зголемување на вкупната месечна закупнина за 31 % во споредба со претходниот квартал.
Нашата оценка е дека пазарот покажува различни движења во двата сегмента – намалена активност кај купопродажбите и умерен раст кај закупите по бројот на договори, но намалување на вкупната месечна закупнина.