ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ има акумулирана загуба од приближно 4,725 милијарди денари, покажува соопштението на Државниот завод за ревизија објавено на 5 ноември. Само во 2024 година загубата изнесувала околу 188,8 милиони денари. Ревизорите утврдиле и застарена, недоволно одржувана и делумно нефункционална железничка инфраструктура, со ограничувања на брзината и прекинат сообраќај на одредени делници.
Извештајот открива дека вредноста на договорот за првата делница од источниот железнички Коридор 8 е зголемена за 96 отсто во споредба со првично договорената сума, додека рокот бил продолжен за осум години и три месеци. Од 1.314 систематизирани работни места пополнети биле 718. Државниот завод за ревизија дал препораки за надминување на утврдените неправилности, а јавното претпријатие доставило информации за преземени активности.