Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, нагласи дека Мицкоски треба да знае дека според членот 368 – а од Кривичниот законик, попречувањето на правда е казниво со затворска казна од една до десет години. Поповиќ посочи дека Мицкоски, наместо да одговори за скандалот со Алта банка, се заканува на СДСМ и од владина говорница му нарачува на обвинителството кого да гони и за кое дело.

„Кога веќе се повикува на Кривичниот законик, го потсетуваме Мицкоски на членот 368-а, кој се однесува на „попречување на правдата“. Ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, за постапување спротивно на неговите должности и овластувања, или за спречување во вршењето на тие дејствија“, рече Поповиќ.

Поповиќ нагласи дека Мицкоски е во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина, и клопчето се одмотува. Таа посочи дека СДСМ уште пред една година алармираше за банката, додека власта упорно се обидува да ја префрли одговорноста врз СДСМ и да ја замолчи.

„Мицкоски е уплашен и во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина. Клопчето се одмотува, а тој се плаши од одговорноста. Затоа се заканува на СДСМ. Затоа од владина говорница му нарачува на Обвинителството кого да гони и за кое дело. Тоа е начинот на кој функционира организираната криминална група ВМРО. Како шириме паника кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Шириме паника и во Европа, во Црна Гора и во Србија каде се постапува против оваа банка и се спречува? Или всушност во паника е Мицкоски затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија“, рече Поповиќ.

На прес-конференцијата, Поповиќ посочи дека Мицкоски не може да одредува каде обвинителството ќе истражува, а каде не, и дека за скандалот со Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот.

„Не одредува Мицкоски каде смее, а каде не смее да истражува обвинителството во врска со Алта банка. Има закон, има обвинителство и суд. Тие мора да одлучуваат, да делуваат, да обезбедат правда. За Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. Почнувајќи од Мицкоски, Славески и Кочовска па потоа сите по ред. Дадовте заклетва пред граѓанит“, рече Поповиќ.

фото СДСМ