Министерството за образование и наука води разговори со студентските претставници за промена на начинот на користење на субвенционираниот студентски оброк, соопшти министерката Весна Јаневска.
Според нејзиното објаснување, целта на предложените промени е средствата од субвенцијата во поголема мера да се користат за поздрава исхрана на студентите. Во разговорите за ова прашање се вклучил и премиерот Христијан Мицкоски, кој остварил средба со студентските претставници.
Во моментов се очекува одговор од студентите, по што треба да продолжат преговорите. Конечен модел и датум за негово воведување сè уште не се соопштени.