Дел од жителите на општина Студеничани денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа.
Според известувањето на ЕВН Македонија, прекинот ќе ги опфати селата Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и дел од селото Долно Количани, поточно корисниците во Долно Маало.
Планираниот прекин започнува во 08:30 часот, а повторното воспоставување на снабдувањето е предвидено до 15:30 часот.
Причината е реконструкција на далекуводот што ги поврзува Долно Количани и Вртекица.
Граѓаните и деловните субјекти во засегнатите населени места треба да ги приспособат своите активности на најавениот прекин. Времето на повторното вклучување може да зависи од текот на работите на терен.