ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе посебен извештај против тројца малолетници од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

На 19.10.2026 година, од автоплац на улицата „Јусуф Грвала“ во Дебар, тие одзеле патничко моторно возило „форд фиеста“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишен жител на Дебар.

Возилото било оставено незаклучено, со клуч на бравата.

По преземени мерки, малолетниците, заедно со нивните родители и претставници на Центарот за социјални работи Дебар, биле повикани во ОВР Дебар, каде што биле извршени службени разговори.