Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:
По една година локална власт на СДС во Македонска Каменица, наместо видливи резултати и реализирани ветувања, граѓаните се уште се соочуваат со отворени инфраструктурни прашања и недовршени проекти.
Граѓаните на Македонска Каменица прашуваат и очекуваат одговори до каде се правилникот за улично осветлување и ослободувањето од плаќање на таксата, продолжувањето на канализацијата во Тачовско маало, изградбата на улицата Карпошова, како и реконструкцијата на улиците Валевичарска, 14 Јуни, Јаков и Горна Река.
Потребни се и конкретни одговори за тоа кои од ветените проекти во руралните средини се реализирани и каква е нивната конкретна придобивка за жителите.
Посебно загрижува состојбата со пешачката патека до Павлиш Дол, проект кој е започнат во април и од локалната власт најавуван како дел од некоја голема инфраструктурните офанзива, се уште не е завршен, а на одредени делови веќе се забележуваат оштетувања.
Јавноста заслужува одговори кој ја врши контролата врз изведбата, каков е квалитетот на досега извршените работи и дали е обезбеден соодветен надзор и дополнително, потребно е да се разјаснат улогата на избраниот изведувач и промената на 5 подизведувачи во текот на реализацијата на проектот, а станува збор за патека долга еден километар.
За илустрација на обемот на работите, ја посочуваме Општина Виница, која само во селото Истибања за околу 60 дена поставила 2.000 квадратни метри бекатон, кој е пример што отвора легитимно прашање за динамиката, организацијата и ефикасноста на инфраструктурните проекти во Македонска Каменица.
Дополнителни прашања отвора и состојбата со фонтаната на градскиот плоштад. Наместо функционална фонтана, граѓаните сведочат за нејзино отстранување за што беа потрошени 30.000 евра, а нова никаде нема.
Загрижува и фактот што дел од кејот се урна пред околу десет месеци, а санацијата сè уште не е завршена, а потребна е и дополнителна процена на безбедноста на преостанатите ризични делови и итно преземање соодветни мерки.
Особено внимание заслужува состојбата во спортот, каде што клубовите со години го претставуваат градот за само една година локална власт на СДС се доведени до раб на егзистенција.
Фудбалскиот клуб Каменица Саса испадна од Втората лига, женскиот фудбалски клуб не ги повтори претходните успеси во Купот и првенството, додека за кошаркарскиот клуб Баскет Кам од петкратен првак на Македонија е доведен до состојба да не се знае дали следната сезона ќе игра во прва лига.
Овие состојби бараат сериозна анализа, транспарентна комуникација со клубовите и јасен план за поддршка на локалниот спорт, затоа што клубови се важен дел од идентитетот на Македонска Каменица и заслужуваат услови за работа, стабилност и можност за развој.
Од се гореспоменатото, бараме локалната власт во Македонска Каменица јавно да одговори за динамиката на реализација на ветените проекти, потрошените јавни средства, квалитетот на изведените работи и мерките што ќе ги преземе за подобрување на состојбата во инфраструктурата и спортот.
Затоа што, Македонска Каменица заслужува функционална инфраструктура, безбедни јавни површини, завршени проекти и поддршка за спортските клубови, а граѓаните не треба да чекаат со години на реализација на ветувањата, туку да ги видат резултатите кои го подобруваат нивниот секојдневен живот.