На 26.10.2026 во 17:20 часот во СВР Тетово, 60-годишник од тетовско село пријавил дека забележал дека преку апликацијата за мобилно банкарство од неговата трансакциска сметка недостигаат 139.474 денари.

По извршениот увид во деталниот извештај од банката, утврдено е дека во периодот од 01.10.2026 до 20.10.2026 биле реализирани повеќе неовластени трансакции на странски интернет платформи.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.