На 24.10.2026 во атар на с. Пласница, Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода жител на с. Преглово, Македонски Брод.
При контрола извршена со Шумската полиција, полициските службеници затекнале трактор со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од жителот на Преглово, при што во приколката биле пронајдени и одземени седум кубни метри огревно дрво без жиг.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
фото мвр/илустрација