На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15-годишен малолетник од с. Боговиње, тетовско.
Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле 42-годишник и неговиот 16-годишен син, двајцата од с. Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка.
Според изјавата на 42-годишникот, настанот се случил околу 13:45 часот во с. Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетен син.
Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.
Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.