На 24.10.2026 во 09:00 часот во ОВР Прилеп, 58-годишник од с. Ореовец, прилепско, пријавил дека на место викано „Леково“, во атарот на с. Ореовец, пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола констатирал дека се работи за перка од минофрлачка граната со калибар од 82 милиметри и безбедно ја подигнал.
Извршен е увид.