На 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител.

Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“.