На 23.10.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 21-годишник од село Кочилари, велешко и 21-годишник од село Долно Јаболчиште, општина Чашка. Тие се сомничат дека од објект во близина на село Згрополци, општина Градско, сопственост на правно лице од Скопје, со употреба на сила и подесен алат одзеле разни метални предмети. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.