На 22.10.2026 околу 20:45 часот во ОВР Виница било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Ленинова“ во Виница се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од 42-годишник од Виница и патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од 24-годишник од с.Лески, виничко, кој по несреќата го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 58-годишник од Виница, сопатник од возилото „ауди“, кое го управувал 42-годишникот кој се здобил со телесни повреди, како и сопатниците, 39-годишна жена и 54-годишно лице, констатирани во Итна медицинска помош Кочани и Клиничка болница Штип.
По преземени мерки, 24-годишниот возач е пронајден и лишен од слобода, а при извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница и по целосно документирање на настанот, против 24-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.