Управата за хидрометеоролошки работи ги објави податоците од утринските мерења во земјата. Најниската температура од три Целзиусови степени била измерена на Попова Шапка, додека најтопло било во Гевгелија, со 14 степени.

Пет степени биле измерени во Лазарополе, шест во Маврови Анови, Битола и Крушево, а седум во Крива Паланка. На мерната станица Зајчев Рид во Скопје биле измерени 11 степени. Станува збор за реализирани мерења, различни од претходно објавената временска прогноза.