Според утринскиот извештај на Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ предупредува дека постои можност за одрони на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. Возачите треба да ја приспособат брзината и да ја почитуваат сигнализацијата.

Предупредувањето е особено важно поради зголемениот број патувања што може да се очекуваат за време на празничниот викенд.