Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.
Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите.
Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити.
Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата.
Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски.
Таа влада беше првата демократска по десет години мрак.
Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает.
Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете.
Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони.
Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие – славевте со Гета за 5,53 милиони евра.
Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите.
Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници.
За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки.
За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа.
А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години – половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија.
Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè.
Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате.
Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка.