Фудбалот е повеќе од игра – тоа е емоција, тоа е сила што ги зближува луѓето и создава иднина полна со надеж. Со отворањето на петтиот мини пич терен, акцијата на Mozzart продолжува да ја пишува својата благородна приказна.
Претходно, радоста на спортот веќе се пресели во Охрид, Велес, Свети Николе и Битола – градови што добија свои терени и нова енергија за младите генерации.
Сега, Кочани ја добива истата чест: ново место каде што ќе растат соништата на младите таленти, каде што секој удар на топката ќе носи искра на радост и верба во утрешниот ден.
Новиот терен го носи името на Андреј Лазаров – млад фудбалер чиј живот трагично згасна, но чија светлина ќе продолжи да гори во секој натпревар, во секој гол, во секој аплауз на трибините.
„Многу сум благодарен што теренот го носи името на мојот син. Тоа е голема чест и потсетник дека неговата љубов кон фудбалот ќе живее засекогаш“, изјави Горан Лазаров,таткото на Андреј.
Голема благодарност изразија и од општината.
„Овој терен ќе значи многу за Кочани и за младите спортисти. Тоа е инвестиција во иднината, во нашите деца и нивните соништа“, изјави Александар Андов, претседател на Советот на Општина Кочани
Ова не беше само отворање на терен – ова беше празник на спортот, на младоста и на заедништвото. Магија на нов почеток, иднина исполнета со радост, тимски дух и секој гол што ќе запали искра во очите на новата генерација.
„Продолжуваме и натаму со оваа акција, се со цел развој на спортот кај младите. Веруваме дека секој нов терен е нова искра што ќе запали љубов кон играта и ќе создаде нови шампиони“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Mozzart уште еднаш ја покажа својата искрена посветеност – да ги поддржи младите, да го развива спортот и да ја зајакне локалната заедница.
