СВР Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје, пријавениот со употреба на физичка сила и подесен алат од сеф одзел девет пиштоли.