Соопштение на СДСМ:
Повторно дефокус. Платформата ЗНАМ 2.0 работи во корист на Мицкоски.
Токму кога СДСМ го разоткри планот на Мицкоски за распродажба на Македонија, отворање рудници и експлоатација на антимон без согласност од граѓаните.
Токму кога објавивме дека приватна компанија за оружје платила над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски.
Дефокус од платформата ЗНАМ 2.0. Напад врз СДСМ и претседателот Венко Филипче.
Прашањето е едноставно: кому му одговара дефокус и пренасочиување на вниание на граѓаните од криминалот на Мицкоски и неговата организирана криминална група?
Само на арамијата Мицкоски.
Не случајно се платени преку тендери вредни 1,6 милиони евра.
СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски.
ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг.
Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо.
ЗНАМ 2.0 нема да помине!