На 22.07.2026 во 00:45 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода лице(22) и лице(21), двајцата од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„ЈНА“ во Тетово со остар предмет ги нападнале А.А.(24) и Б.А.(21), двајцата од с.Непроштено, при што Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.А. со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.