Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС, Левица и ДУИ се единствената коалиција што се обедини против реформите.

Откако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сама исполни 9 реформски закони од вкупно 10, неисполнувањето на 10 реформски закон е директно на контото на СДС, Левица и ДУИ.

Тоа е нивниот политички модел, кога државата треба да оди напред тие прават се за тоа да биде обратно.

СДС, Левица и ДУИ се заедно само кога треба да се запре некој процес кој е од интерес за државата, а и за самите политички партии.

Оваа блокада е само поради создавање на алиби за поразот на следните избори и виктимизација.

Приказната која се обидуваат вештачки да ја наметнат не им поминува, бидејќи досега сме лидер во регионот по исполнување на закони од Реформската агенда, а лидери сме и по повлечените финансиски средства од Планот за раст.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да испорачува, а СДС, Левица и ДУИ ќе блокираат кога ќе имаат таква можност.