Изјава на премиерот Христијан Мицкоски при посетатата на Кавадарци:
„Добар ден и од мене.
Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари.
Да се заблагодарам на министерот за спорт, на колегите од Владата коишто посветено работиме да оној проект којшто го почнавме пред нешто повеќе од две години кога бевме избрани како Влада, а тоа е реалокација на средства од централниот буџет кон општините биде вака успешен како што е денес. Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните.
Уште еднашка нека е со среќа почетокот на изградбата на овој објект и отприлика како што ми кажа градоначалникот за година дена да се собереме повторно овде и да го пуштиме во употреба истиот.“
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...