– Рекорден регрес од 52.000 денари за вработените во КАМ, објавија на фб од ланецот маркети.
– Со задоволство информираме дека оваа година на вработените во КАМ ќе им биде исплатен рекорден регрес од 52.000 денари.
Оваа одлука е дел од континуираната пракса на компанијата за унапредување на условите за работа и вреднување на трудот на вработените.
– Во КАМ се стремиме да градиме средина во која луѓето се поддржани, ценети и мотивирани да придонесуваат секој ден. Со исплатата на рекорден регрес испраќаме јасна порака за значењето на луѓето во нашиот систем.
Благодарност до целиот тим за нивната посветеност и придонес во текот на годината, соопштенија од КАМ.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...