На 01.07.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода лице(35), лице(59), лице(65), лице(38), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Павел Шатев“ во Велес, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу нив, при што бил употребен и дрвен предмет.

Предметот бил пронајден и одземен, а тие биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.