Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на пензиите, изјави:
„Ние кога бевме опозиција, јасно дадовме ветување дека ќе направиме сѐ што можеме, да во нашиот мандат обезбедиме на почеток линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување. Знаете дека лица блиски до владеачката СДСМ и до опозицијата, поднесуваа пријави до Уставниот суд за да ја предизвикаат уставноста на ова решение. Па знаете со некои килави аргументи излегуваа во јавноста, некои политичари коишто се сега дел од раководството на опозицијата.
Но, она коешто за нас е важно, е дека голема група на наши граѓани, пензионери со ова, би рекол, можеби незначително зголемување линеарно од 7.000 денари во едно семејство во коешто имаме двајца пензионери, тоа се 14.000 денари плус. Колку-толку успеавме подостоинствен да го направиме животот, споредено со тоа како беше претходно.
Така што ќе продолжиме и понатаму да работиме во интересот на граѓаните. Знаете порано пензиите се зголемуваат со по 10, 15, 20 денара, сега со овие 7.000 денари по пензионер, мислам дека, ете повторно ќе кажам, колку-толку успеавме, малку да ги санираме оние предизвици со кои тие се соочуваат. Така што, тоа е тоа што можам да кажам поврзано со пензиите.“
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...