На 28.06.2026 во 00:13 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Гостивар, непознато лице кое било со патничко возило „џип“ испукало неколку истрели од огнено оружје, по што заминало кон центарот на градот.

Нема пријавено повредени лица, а околу 02:10 часот во ПС Гостивар сам се пријавил маж (65) од Гостивар и од него се одземени пиштол „берета“ кој го поседувал со дозвола, една рамка за истиот пиштол со 8 куршуми и една празна рамка за истиот пиштол.

По целосно документирање на случајот, против мажот ќе биде поднесена соодветна пријава.