На 25.06.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода пет лица од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Според пријавеното, околу 21:30 часот најпрво настанала вербална расправија, која потоа прераснала во физичка пресметка меѓу нив. Во текот на инцидентот, едно лице со метален предмет нападнало дел од своите роднини и им нанело повреди.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...