На 19.06.2026 година во 08.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека В.В.(45) од Охрид, при изведување градежни работи за изградба на куќа во охридското село Љубаништа, паднал по што со возило на Итната медицинска помош, бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Кај него биле констатирани тешки телесни повреди поради што, бил задржан на понатамошно лекување.
Во координација со јавен обвинител и трудов инспектор, се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...