ОВР Дебар поднесе кривична против маж (29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста“.
Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници.
Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...