Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција.

Со завршувањето на активностите за техничка интервенција и надградба на опремата, овозможено е повторно нормално функционирање на порталот и достапност на електронските услуги за граѓаните.

Министерството им изразува благодарност на граѓаните за покажаното трпение и разбирање за време на привремената недостапност и останува посветено на обезбедување сигурни, стабилни и достапни дигитални услуги.