Министерот Минчев ја продолжи својата интензивна агенда со уште една значајна средба во Будва, каде во рамки на министерска конференција оствари билатерална средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европска комисија, Валентина Суперти.

Средбата претставуваше континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците разменија мислења за натамошно унапредување на реформите во јавната администрација и динамиката на нивната имплементација.

Министерот Минчев ја потенцираше стратешката определба на министерството и Владата за изградба на ефикасна, транспарентна и професионална јавна администрација, целосно усогласена со европските стандарди и вредности.

Суперти го поздрави остварениот напредок, нагласувајќи дека Европската комисија и понатаму ќе остане доследен партнер во поддршката на реформските процеси и европската интеграција на Македонија.

Средбата во Будва ја реафирмираше заедничката заложба за продлабочување на партнерството и унапредување на соработката, во насока на ефикасна реализација на реформите и остварување на стратешката цел, односно полноправно членство на Македонија во Европската унија.

фото: Кабинет на Министер за Јавна Администрација