На 13.04.2026 во 10:50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Г.(74) од Германија. При извршена гранична контрола и проверка на патничко возило „рено“ со германски национални ознаки, во кое како сопатник бил Р.Г., во задниот дел од возилото, била пронајдена и одземена марихуана.
Во извршен службен разговор, Р.Г. се изјаснил дека марихуаната е негова. По наредба на јавен обвинител, тој е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
