На 24.12.2025 во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на маж, кое случајно се затекнало на местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.