На 22.12.2025 година во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници лишиле од слобода 34 годишен жител на Скопје.

Приведувањето било извршено по претходна пријава дека на 19.12.2025 година околу 16:30 часот и на 22.12.2025 година околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, лицето упатувало закани кон 40 годишен жител на Скопје, а потоа и физички го нападнало.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.