Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 312 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 70 за недавање првенство на минување на пешаци, 38 мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за нерегистрирани возила, 19 санкции за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, седум мерки за возач почетник, пет за користење мобилен телефон.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.