На 27.09.2026 во 18:00 часот во с. Камењане, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „ланд ровер“ без документација, управувано од 16-годишен малолетник од истото село.

Констатирано е дека малолетникот управувал без возачка дозвола, по што во присуство на родител е лишен од слобода по член 297-а од КЗ, а возилото е одземено и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.