Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас…“, велат од МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.