Како што соопшти полицијата, синоќа во 21.25 часот во Полициска станица Кисела Вода,39 годишно лице од Скопје пријавило дека околу 19.00 часот на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од триесет и четири годишно лице од селото Ваташа.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.