Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас.

Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години.

Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена од статистичари од Еразмус универзитетите во Тилбург и Ротердам, кои го проучувале периодот во кој во Холандија умреле 75.000 луѓе во 30-те години до 2017 година. Интересно е што тие не се фокусирале на очекуваниот животен век.

Наместо тоа, истражувачите сакаа да испитаат колку долго може да живее поединецот ако се грижи за себе и ако животот не им се скрати поради болест или други околности. Земајќи во предвид колку години имале луѓето во студијата кога умреле, тие откриле дека просечниот животен век на една личност е во 90-тите.

Научниците сугерираат дека е малку веројатно дека човекот ќе живее повеќе од 115 години, но откриле дека жените имаат малку подолг животен век од мажите. Додека максималниот животен век на жените беше 115,7 години, се проценува дека мажите можат да достигнат максимум 114,1 година.

– Во просек луѓето живеат подолго. Се разбира, просечниот животен век е зголемен. Сепак, самата максимална горна граница не е променета – изјави за AFP професорот Џон Ајнмахл, еден од тројцата научници кои ја спровеле студијата.

И покрај резултатите од ова истражување, Ајнмахл истакна дека има случаи во кои луѓето ги прекршуваат нормите и живеат подолго од предложениот максимален животен век.

Најстариот човек кој некогаш бил потврден во Гинисовата книга на рекорди бил Јапонецот Џироемон Кимура, кој доживеал 116 години.

Извор Zena.mk.