Многу фактори влијаат каков љубовник ќе биде мажот и дали интимната врска ќе биде добра или лоша.

Според една студија објавена во списанието „Socioaffective Neuroscience & Psychology“, една доблест укажува дека мажот може да биде добар љубовник.

Истражувајќи го сексуалното минато на жените, експертите се обиделе да утврдат со какви партнери имале најдобар сексуален однос и редовно достигнувале кулминација.

Во истражувањето учествувале жени до 69 години кои не се во врска или во брак, бидејќи експертите верувале дека жените во врска ќе се чувствуваат обврзани да му дадат подобра оцена на сегашниот партнер, дури и ако тој навистина не го заслужува тоа.

Во 70 минутен тест, испитаниците одговарале на различни прашања за нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека најдобри сексуални односи имале со – духовити мажи.

Смисла за хумор
Чувството за хумор се покажа како одличен предиктор за сексуалните вештини бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во различни ситуации, вклучително и во интимните, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите и, на крајот, добар секс.