Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бројот на загинати како резултат на ракетните напади што руската армија вчера ги изврши врз неговата земја се искачи на 39.

Во својата изјава на социјалните мрежи, Зеленски даде информации за напорите за пребарување и спасување започнати по нападите врз различни градови во Украина вчераутро.

Истакнувајќи дека бројот на луѓе кои ги загубија животите во ракетните напади се искачи на 39, Зеленски изјави дека се повредени 159 цивили.

Опишувајќи ги руските напади како „терористички напади“, Зеленски рече дека напорите за пребарување и спасување и отстранување на остатоците продолжуваат во 120 оштетени градови, села и населени места.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека напорите за пребарување и спасување во главниот град продолжуваат, а 1 јануари е прогласен за ден на жалост во земјата.